Свечено доделување на дипломи на Дипломираните и Магистрираните студенти

Доделувањето на дипломите ќе се реализира на пригодна свеченост на Факултетот за информатички и комуникациски технологии. Затоа особена чест ни е да Ве поканиме на церемонијата на свечено доделување на дипломите која ќе се одржи на 9 Мај 2018 (Среда) на Факултетот за информатички и комуникациски технологии со почеток во 11:00 часот. Свеченоста е од отворен и церемонијален тип и топло Ви препорачуваме да ги поканите и Вашите родители, роднини, пријатели… На настанот ќе бидат поканети и ИКТ фирмите од регионот да ги презентираат своите активности и можности за вработување.
Начелно сценариото на церемонијата ќе биде:
– Регистрација на дипломираните студенти и облекување на свечени тоги
– Поздравни обраќања
– Доделување на дипломите
– Фрлање на капите и заедничко фотографирање
– Саем на ИКТ фирмите од регионот
– Заедничко дружење
Деветти мај е меѓународен ден на победата – но за Вас нека биде и ден кој ќе означи уште една Ваша животна победа.
Во очекување на Вашето присуство срдечно Ве поздравуваме

Напомена: Задолжително понесете документ за лична идентификација. Подигнувањето на дипломите мора да биде лично или со полномошно заверено на нотар. Агендата за свечената промоција е на следната страница.

Список на дипломци

Список на магистранти