Состанок помеѓу ФИКТ и ИТ компании од регионот

Денес, во просториите на Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола се одржа работен состанок помеѓу претставници од наставно-научниот кадар на Факултетот за ИКТ, Доц. д-р Зоран Котевски и Доц. д-р Томе Димовски, со претставници од повеќе ИТ компании од регионот, и тоа: X3M Labs, iSource, InterWorks, Asidus, Gecko иКарпа на Европа.

На состанокот се дискутираше за продолжување и продлабочување на соработката на Факултетотза ИКТ – Битола со ИТ компаниите, како во поглед на проектот Студентски работни групи, така и во организирање на други настани кои ќе придонесат за поврзување на студентите со работодавците од нашиот регион. Исто така, информирање и запознавање на заинтересираните средношколци кои имаат намера да се студираат и работат информатички и комуникациски технологии.

Во наредниот период се планира реализација на работни состаноци и со ИТ компаниите Seavus, Endava и Cosmic Development.