УКЛО ТРИВИУМ, натпревар во ораторство, за студентите од сите единици на Универзитетот

Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, на 17 април 2021 година, за прв пат во своја надлежност, го организира УКЛО ТРИВИУМ, натпревар во ораторство на тема ,,Ефектот на инфлуенсерите врз обликувањето на општеството’’, за студентите од сите единици на Универзитетот.

Универзитетското студентско собрание во насока на поуспешна презентација и унапредување на вештините на јавно говорење и воопшто култура на говор ќе организира соодветна работилница за подготовка на ораторите како и работилница за активизам и активно граѓанство.

Најдобрите оратори ќе го претставуваат УКЛО на настанот што на ниво на Република Македонија го организира Европското движење во Македонија, по повод 9 Мај, Денот на Европа.

Конкурс-за-УКЛО-ТРИВИУМ-2021

постер за укло тривиум