Формиран во 1955 година, и со скоро 6000 активни дипломирани, овој институт развива партнерски односи со повеќе од 400 индустриски компании и има програмска соработка со повеќе од 135 меѓународни институции како што се Stanford University, TU Darmstadt, Texas A&M итн. Акредитиран е со Европскиот бренд за квалитет за инженерските програми на додипломски и мастер студии и со брендот од Францускиот Национален инженерски одбор за своите мастер студии. Истражувачките лаборатории реализираат истражувања и развој во областа на наноелектрониката, радио и телекомунациите и ИТ науките. Специјализирана во софтвер доменот и во компјутерското инженерство, оваа високообразовна установа учествува во бројни проекти финансирани од ЕУ и Француската влада.
Иницијативата за воспоставување соработка, преку Службата за МС, потекна од Францускиот Институт во Скопје, а по интензивната комуникација водена од продеканката за МС и наука, проф. д-р Андријана Боцевска, беше утврдена компатибилност во академската понуда што претставува добра основа за да се отпочне со размена на наставни кадри, а особено на студенти, за кои на ИСЕП постои комплетна понуда на англиски јазик.
Со овој Еразмус+ договор, бројот на склучени договори на УКЛО е 166, од кои за ФИКТ се 19.
За подетални информации за ИСЕП на следниов линк https://en.isep.fr/