Фонд за иновации и технолошки развој – инфо сесија

На ден 28.03.2017 година, Факултетот за информатички и комуникациски технологии беше домаќин на инфо-сесијата на Фондот за иновации и технолошки развој. На настанот беше презентиран повикот за инструментите: Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва страт-ап, спин-оф, и Кофинансирани грантови и условени заеми  за комерцијализација на иновации за потенцијални апликанти. Презентиран беа и правилата и процедурите за финансирање на проектите, како и подготовката на предлог проекти, информации за софтвер и презентација на апликацискиот пакет. Настанот беше организиран во соработка со Стопанска комора на РМ, Центарот за развој на пелагонискиот регион – Битола, а во рамките на веќе воспоставената соработка на ФИКТ со Фондот за иновации и технолошки развој. На настанот зедоа учество голем број заинтересирани лица, студенти и потенцијални подносители на проектни апликации.

Повеќе информации на: http://www.fitr.mk/#povici

IMG_20170328_111402