Предавања од претставници на англиската софтверска компанија Endava на 09.12.2015г. (Среда)

endava_fict_horizontalНа 09.12.2015 година (среда) од 12 часот во амфитеатарот на ФИКТ (А1) ќе се одржат серија на предавања од претставници на англиската софтверска компанија Endava.

Предавањата се на тема:
– Continuous Deployment vs Delivery vs Integration
– Тестирање за обезбедување на квалитет со снови на автоматско тестирање
– Кариера во тестирање

Поканети се сите заинтересирани да присуствуваат.

Тема: Continuous Deployment vs Delivery vs Integration
Краток опис: Во денешно време сите се стремат кон автоматизација на целиот процес за изградба на било каков софтверски продукт. Една од главните причини е дека побрзо можеме да достигнеме позитивен/негативен резултат така што можеме да го подобриме секој нареден чекор на самиот развој и испорака на производот. Каде што со Continuous Deployment имаме континуирана изградба на продуктот. Следниот чекор е Continuous Integration каде кодот на програмерите е синхронизиран со посебни алатки и се следи било каква направена промена. Така што следи Continuous Delivery каде се применува кога имаме стабилна верзија која е истестирана и може да се пушти на продукција. Покрај самата презентација која ќе ви го објасни автоматизираниот процес и сите чекори ќе имате и кратка презентација на алатките кои се користат за успешна автоматизација на целиот процес. (45 минути)

Тема: Testing and Quality assurance-Automation testing fundamentals
Краток опис: Презентацијата би започнала со светски трендови како “Continuous Delivery” и колку е важно да се автоматизираат Unit тестовите. Ќе биде истакната важноста на автоматизацијата на “Regression pack” што вклучува автоматизација на интеграциските тестови како и GUI тестовите. Исто така ќе биде даден краток осврт на “Return of investment for automation testing” за на крај презентацијата да заврши со практични примери на custom frameworks и нивна имплементација во (C#) изработен од страна на Денис Бојковски (C#) и имплементација во (Java) од страна на Филип Спиркоски. Така би се прикажале и објасниле некои од предизвиците кои настануваат при автоматизација на тестовите. (околу 90 минути)

Тема: Career path in Testing
Краток опис: Презентацијата би започнала со лично искуство и кариера во тестирањето презентирана од Верица Блажеска ( како и зошто одлучив да бидам дел од тимот за тестирање. Потоа би следувала ретроспектива на моето работно искуство: најпрво како инжинер за мануелно и автоматско тестирање; потоа за раскрсницата пред која се најдов и зошто одлучив да продолжам да се резвивам најпрво технички, за на крај сепак се фокусирам во делот на тест лидерство) и кариерата во тестирањето од Ендава перспектива презентирана од Бојан Стојановиќ. (околу 60 минути)