InsurHack Skopje и InsurTech Skopje

Во организација на Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Здружението на финансиски организации при Стопанска Комора и Fintechguardian, а во насока на промовирање и унапредување на дигитализацијата во осигурувањето, во просториите на Стопанска Комора на Македонија во Скопје , ќе се одржат настаните InsurHack Skopje и InsurTech Skopje.

На 28-ми и 29-ти септември ќе се одржи InsurHack Skopje хакатонот посветен на осигурителната индустрија. Целта на истиот е запознавање на студентите со осигурителната индустрија и развој на креативни дигитални решенија за унапредување на работните процеси на друштвата за осигурување и посредниците во осигурување. Настанот ќе има натпреварувачки карактер , а најдобрите тимови ќе добијат награди од по 15.000 денари и имаат можност да ги презентираат своите решенија на настанот InsurTech Skopje. Повеќе информации за настанот InsurHack Skopje може да најдете на http://insurhack.co/wp/

Ги охрабруваме заинтересираните студенти да се пријават за учество на настанот.