IPA Cross Border Cooperation Programme

Во рамките на IPA Cross-Border Cooperation Programme “Greece – the former Yugoslav Republic of Macedonia 2014-2020” од Priority Axis 1: “Enhancement of cross-border economic development”, од вкупно 16 одобрени апликации на територијата на Република Македонија, позитивно беше одговорено на две проектни апликации на Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола.

Првата апликација е со акроним EMPLOYOUTH (Ref. No. 1943), која во периодот на реализација ќе се стреми кон акцелерација на младите, како и можностите за нивното вработување и интегрирање во општествениот систем. Втората проектна апликација, пак, е насловена како CROSS4ALL (Ref. No. 1816), која како цел при реализацијата ќе има развивање на интегрирани здравствени и социјални сервиси „без граници“.

Проектите ќе се развиваат во период од 18 месеци.

За повеќе информации може да се информирате на линкот:

http://www.ipa-cbc-programme.eu/index.php/news/183-3rd-joint-monitoring-committee-meeting