Microsoft Student Program

Microsoft Student Program
Online инфо сесија за програмата: Microsoft Learn Student Ambassadors
Предавач: Марко Палоски, Microsoft Learn Student Ambassador | Country Lead
Дата и време: 10-ти Мај (Понеделник) од 11:00 часот
Microsoft Learn Student Ambassadors е програма на Microsoft за поттикнување и поддржување на студентите за да се усовршат на технички план, но и да ги подобрат своите презентациски, лидерски и други меки вештини. Секој кој е дел од програмата добива бенефити од Microsoft кои може да ги користи за сопствени цели, како на пример:
• Персонален мејл @studentambassadors.com и пристап до Teams каналите на програмата
• MSDN Premium претплата (пристап до сите Microsoft софтвери бесплатно)
• Секој месец 150 $ на Azure платформата
• LinkedIn Learning
• Ваучер за Fundamentals испитите на Microsoft
• TechSmith софтвер
• Покана на Microsoft Summit
• Microsoft swag
Програмата има внатрешни нивоа каде што студенти можат да напредуваат со тоа што би организирале или учествувале во студентски активности како на пример: организирање на предавање/настан, завршување на learning path на Microsoft Learn, одржување презентација, пишување на блог и др.
За да се стане дел од програмата има процес на апликација кој треба да биде да биде одобрен од Microsoft.
Повеќе за програмата можете да прочитате на следниот линк:
Ве покануваме на online инфо сесијата за да дознаете повеќе за програмата!