Netcetera – гостувачко предавање

Врз основа на веќе воспоставената соработка помеѓу Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола и швајцарската фирма “NETCETERA”, на ден 27.03.2017 година, во рамките на гостувачки предавања се одржа презентација од претставници на компанијата пред студентите на тема: „Софтверско тестирање во вистинскиот свет“. На овај настан стана збор за техники за софтверско тестирање, различни пристапи при тестирање, теорија и практични искуства од вистинскиот свет, а беа прикажани и голем број на практични примери од сите нивоа на софтверското тестирање.

Повеќе информации за компанијата на: https://www.netcetera.com/home.html