ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИИ ЗА СТУДЕНТИ ОД I-ВА И II-РА ГОДИНА ОД ИНФОРМАТИЧКИТЕ ФАКУЛТЕТИ

Талент бизнис инкубаторот „Степ-ап“ од Скопје, во соработка со едни од најреномираните и најиновативни македонски ИТ компании Asseco SEE и DoXTeam, за прв пат ја објави Програмата за стипендирање на бизнис таленти, наменета за студентите запишани во 1 и 2 година на факултетите за информатички технологии и компјутерско инженерство во Македонија.
Целта на програмата е рано препознавање на талентите за бизнис и развој на нивните деловни и меки вештини уште во текот на студирањето преку обуки, менторирање, коучинг, кариерно советување и практична работа во компаниите. Селекцијата на кандидатите ќе се врши според софистицирана методологија која вклучува тестирање, самостојно и тимско решавање на задачи и интервјуа. Покрај обезбедената месечна стипендија во износ од 7.400,00 денари, кандидатите на овој начин ќе имаат можност да работат во најиновативните македонски компании од ИТ секторот и брзо да ги стекнуваат вештините за брз кариерен напредок.

Веруваме дека во следните години во оваа иницијатива за зголемување на интересот кај младите за информатичките технологии ќе се вклучат многу повеќе компании и дека сето тоа ќе значи зајакнување на секторот, зголемување на конкурентноста на македонските компании и спречување на одливот на таленти надвор од нашата земја преку обезбедување на повисок животен стандард на се повеќе млади луѓе и семејства.

Пријавувањето е едноставно и трае до 10 декември 2017. Огласот може да се најде на следниот линк:

http://www.stepup.com.mk/index.php/talent-scholarship-program/apply-for-scholarships

јавен повик