Воспоставена соработка со ФОН при Универзитетот во Белград

fon_belgrad2На ден 22.10.2015 година, Деканот на Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола, заедно со Продеканот за наука и меѓународна соработка и Продеканот за настава, остварија посета на Факултетот за организациони науки при Универзитетот во Белград.
Средбата беше заокружена со потпишување на Меморандум за соработка кој во иднина ќе резултира со бројни активности.
Имено, на средбата беа разгледани можности за идна соработка помеѓу факултетите, размена на кадар и студенти, заеднички студиски програми, кратки научно-истражувачки престои, како и организирање на заеднички конференции со цел размена на досегашни стекнати искуства и продлабочување на истите.
Дел од организационата структура на Факултетот за организациони науки се Катедрата за информациски системи, Катедрата за информатички технологии, Катедрата за компјутерски интегрирано производство и логистика, како и Катедрата за софтверско инженерство.
Факултетот за организациони науки е еден од водечките во регионот – има воспоставено билатерална соработка со високообразовни институции во и надвор од земјата, како и голем број на проекти со партнерски институции од странство.
fon_belgrad1