Proekt EMPLOYOUTH

 


Invitation to submit a tender/ Покана за доставување на понуди

The Project Creating Employment Opportunities of Young Graduates in the CB Area (EPMLOYOUTH) implemented by the Faculty of Information and Communication Technologies, University “St. Kliment Ohridski” – Bitola invites you to submit an offer for Coaching/Mentoring Services. The project is implemented with financial assistance from the EU INTERREG IPA CBC Programme Greece – The former Yugoslav Republic of Macedonia 2014-2020. The tender dossier is attached to this web page.

The deadline for submission of tenders is 30.11.2018.

Possible additional information or clarifications/questions shall be published on this web page.

********************

Проектот Креирање можности за вработување на младите дипломирани кадри во прекуграничната област – ВРАБОТИМЛАДИ Ве поканува да доставите понуда за услуги од Менторириање/ Тренирање. Проектот се имплементира со финансиска поддршка на EU INTERREG IPA програмата за погранична соработка со Грција 2014-2020.

Тендерското досие се наоѓа во прилог на оваа веб страна.

Крајниот рок за испраќање на понудите е 30.11.2018.

Евентуалните дополнителни информации или појаснувања/ прашања ќе бидат објавени на оваа веб страна.



Барање за доставување на понуди за проектот EMPLOYOUTH


Почитувани,

Со оваa порака сакаме да Ве поканиме да доставите понуда за техничка поддршка при организација на состанок на проектниот тим на проектот Creating Employment Opportunities of Young Graduates in the CBArea EMPLOYOUTH имплементиран од Факултетот за информатички и комуникациски технологии, Универзитет “Св. Климент Охридски” – Битола, а поддржан од страна на Европската унија и националните фондови на земјите учеснички.

Карактеристиките кои треба да ги задоволува понудената техничка поддршка детално објаснети во Референтните услови за техничка поддршка при организација на состанок на проектниот тим на проектот EMPLOYOUTH кои Ви ги доставуваме во прилог.

Понудата (скенирана со потпис и печат) можете да ја доставите преку e-mail нa employouth@fikt.edu.mk, преку пошта (курир) на адреса Факултет за информатички и комуникациски технологии, ул. Партизанска бб, 7000 Битола или лично во просториите на Факултетот, секој работен ден од 8:00 до 15:00. Понудата треба да ја добиеме најдоцна до 16.10.2018 до 14:00 часот.

За сите дополнителни информации можете да се јавувате во Факултетот за информатички и комуникациски технологии, контакт лице проф. д-р Игор Неделковски, на тел 075 222 185 или да пишувате на e-mail: employouth@fikt.edu.mk

Благодарам,

Проф. д-р Игор Неделковски
Менаџер на проектот

-Барање за понуди

-Референтни услови

-Формулар за понуда