д-р Божидар Миленковски

Предмети

  • e-Бизнис
  • Основи на економија


Кабинет Локал Дир. телефон Email email_20@uklo.edu.mk Консултации Среда и Петок од 9.30 до 11 часот.


 

РЕЗУЛТАТИ ОД ИСПИТИ


 

Биографија
Д-р Божидар Миленковски е роден на 01.06.1979 год. во Битола, Република Македонија. Основно и средно образование завршува во Битола, а своето понатамошно образование го продолжува на Економскиот факултет во Скопје, каде што и дипломира во 2003 година. Прогласен е за најдобар студент на департментот по менаџмент на промоцијата на дипломирани студенти на Економскиот факултет-Скопје, одржана во aприл 2004. Магистрира на Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи, при Универзитетот „Св. Климент Охридски” во Битола, а докторската дисертација со наслов: „Претприемништвото и интелектуалниот капитал како фактори на конкурентноста во ерата на економијата на знаење” ја брани на Економскиот институт при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје со што стекнува научен степен доктор на економски науки. Извесно време работи во фирмата СИНПЕКС од Битола како комерцијален менаџер, а од 01.09.2007 е вработен на Универзитетот „Св. Климент Охридски”-Битола. Негови полиња на научен интерес се: економијата на знаење, претприемништвото, конкурентноста, интелектуалниот капитал и иновативноста. Автор е и коавтор на повеќе научни трудови во земјата и странство и учесник е на поголем број домашни и странски конференции. Активно се служи со англискиот јазик. Го користи и грчкиот јазик, а има основни познавања и од францускиот и од германскиот јазик.
Престои
Студиски престои на универзитетот во Трир, Германија и на универзитетот Св. Климент Охридски од Софија, Бугарија.