д-р Никола Рендевски

nrendevski Предмети:

  • Основни инженерски концепти во ИКТ
  • Дигитална логика и системи
  • Мрежни стандарди и уреди
  • Безжични и мобилни мрежи
  • Архитектура на мрежи од следните генерации
  • Напредни мрежни технологии
Кабинет ФИКТ – II спрат Email nikola.rendevski@fikt.edu.mk
Консултации : понеделник и вторник, 8:30-10:00 (зимски семестар 2017/2018)


Биографија
д-р Никола Рендевски е роден во Битола на 13 јуни 1981 година. Дипломирал на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во Скопје – насока Компјутерска Техника и Информатика и Автоматика.

 

Магистрирал на ФЕИТ (Kомпјутерска техника и информатика – КТИ) во мај 2010 година со магистерска работа под наслов „Синтеза на OpenSPARC процесорски јадра во FPGA“.

 

Во периодот јуни, 2012 – декември 2014 реализирал студиски престој на Универзитетот во L’Aquila (DISIM – Department of Information Engineering, Computer Science and Mathematics), Италија, како добитник на EUROWEB стипендија. Во текот на престојот работел на истражувања од областа на безжичните гигабитни мрежи од милиметарско браново подрачје во склоп на докторската дисертација “Проектирање на архитектурата и организација на мрежни уреди за следните генерации на компјутерски мрежи”.

 

Од јануари 2006 до октомври 2007 година работел во Македонската Академија на Науките и Уметностите (МАНУ – Истражувачки Центар за Енергетика Информатика и Материјали) во Скопје како системски инженер, каде активно учествува и во научно-истражувачки проекти и активности на институцијата.
Од октомври 2007 до септември 2014, работел на Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи, како помлад асистент и асистент по предметите: Компјутерски мрежи и Интернет, Архитектура на компјутери, Системски софтвер, Контрола и безбедност на информациски системи, WEB дизајн и кориснички интерфејс.
Во јануари 2015 е избран за доцент на Факултетот за информатички и комуникациски технологии – ФИКТ, Битола.

 

Негови потесни области на научен интерес се безжичните комуникации, дигитален дизајн, и DSP за мрежни уреди од следните генерации. Тековно работи на безжични комуникациски технологии за 60 GHz (UWB) и 5G мрежи базирани на милиметарски бранови. Автор е на дваесеттина научни публикации од кои 7 се индексирани во базата Web of Science и Scopus.

Рецензент е во значајни меѓународни конференции од областа на комуникациските технологии и тоа: IEEE ICC, IEEE Globecom, IEEE PIMRC, IEEE ICUWB, IWCMC, IEEE AEECT, IEEE RTSI, IEEE VTC,
и реномирани меѓународни списанија како Transactions on Emerging Telecommunications TechnologiesSpringer Wireless Personal Communication, IEEE Transactions on Signals and Systems, Wireless Communications and Mobile Computing, Elsevier Ad Hoc Networks и Journal of Signals Systems and Computers.

 

Зборува Англиски а се служи и со Италијански јазик.
Никола Рендевски е IEEE member, IEEE Communications Society Member и IEEE Computer Society Member

 

Студиски престои

  • Università degli Studi dell’Aquila, Italy – Јуни 2012 – (30 месеци) како добитник на EUROWEB стипендија
  • Università degli Studi dell’Aquila, Italy – Септември 2015, како добитник на ERASMUS+ грант за наставници

Позначајни научни трудови:

  • N. Rendevski, D. Cassioli, Potentials of Low-Complexity Rake Receivers for 60 GHz UWB Wireless Communication Systems, IEEE RTSI, Torino, Italy, September 2015 DOI: 10.1109/RTSI.2015.7325077.
    Web of Science Accession Number:000380575200014.

 

  • D. Cassioli, N. Rendevski, Modulation and Detection Strategies for 60 GHz UWB High-Data Rate Wireless Indoor Communications, IEEE TELSIKS, Nis, Serbia 2015, DOI: 10.1109/TELSKS.2015.7357781. Web of Science Accession Number: 000380406700049

 

  • N. Rendevski, D. Cassioli, 60 GHz UWB Rake Receivers in a Realistic Scenario for Wireless Home Entertainment, IEEE ICC 2015 , London, United Kingdom 9-12 June 2015, DOI: 10.1109/ICC.2015.7248741
    Web of Science Accession Number: 000371708102157

 

  • N. Rendevski, D. Cassioli, BER of IEEE 802.11ad OFDM Radios vs. Carrier Frequency in Real 60 GHz Indoor Channels, IEEE ICC 2014 (Flagship ComSoc Conference), Sydney, Australia, 10-14 June 2014, DOI: 10.1109/ICC.2014.6884260. 10.1109/ICC.2015.7248741.
    Web of Science Accession Number: 000366666806009.

 

  • C. Rinaldi, N. Rendevski, D.Cassioli, Performance Evaluation of UWB Signaling at mmWaves, IEEE ICUWB International Conference on Ultra-Wideband, 1-3 Sept. 2014, Paris, France, DOI: 10.1109/ICUWB.2014.6959011.

 

  • D. Cassioli, N. Rendevski, A Statistical Model for the Shadowing Induced by Human Bodies in the Proximity of a mmWaves Radio Link, IEEE International Workshop on 5G Technologies, Sydney Australia, 14 June, 2014, DOI: 10.1109/ICCW.2014.6881165.
    Web of Science Accession Number: 000346123100003

 

  • N. Rendevski, D. Cassioli, Ultra-wideband and 60 GHz Communication Techniquesfor Healthcare, Chapter 1 (pp 1-22) in the book UWB and 60 GHz Communcations for Biomedical Application, Springer, New York, USA, 2013, M.Yuce, editor DOI: 10.1007/978-1-4614-8896-5_1, ISBN: 978-1-4614-8895-8.

 

  • N. Rendevski, A. Tentov, Network Processing Performance Evaluation with ICMP, Fifth International Conference: Information Systems and Grid Technologies, Sofia, Bulgaria, May 27-28, 2011