Настава и приемни саати:
Термините за настава и приемни саати се објавени на следниот линк
Основна Литература:
Список на основна литература и сите други информации за предметите ќе најдете на следниот линк
Резултати од испити и сите други информации за предметите ќе најдете на следниот линк
Биографија
Игор Неделковски е професор на Факултетот за информатички и комуникациски технологии, Универзитет „Свети Климент Охридски“ -Битола и актуелен проректор за наука на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола. Во периодот 2017 – 2019 година, беше Декан на Факултетот за информатички и комуникациски технологии.Проф. Неделковски се здоби со докторат во 1997 година со дисертација од областа на компјутерско потпомогнато инженерство. Неговите области на научно истражување се компјутерски симулации и виртуелно инженерство.Тој бил координатор на ~30 и учествувал во други ~50 (вкупно повеќе од 80) истражувачки и развојни проекти, претежно меѓународни, финансирани од ЕУ, Стејт департментот на САД, УСАИД, ГТЗ, СИНТЕФ, СПАРК, национални јавни и приватни фондови, индустријата, итн.

Проф. Игор Неделковски е автор на околу 70 трудови објавени во списанија и конференции, претежно меѓународни, цитирани во повеќе бази на податоци како ISI Web of Science, SCOPUS, итн. Тој е автор на три универзитетски учебници и на неколку прирачници и белешки за предавања .
За повеќе информации, посетете ја www.igor-nedelkovski.info