Со цел поквалитетно практично усовршување на студентите од Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола и нивно вработување после завршувањето на студиите, факултетот со компаниите од ИТ секторот: SEAVUS, iSource, ХЗМ labs, NBD Soft и Cosmic Development, втора година по ред формираа 15(петнаесет) СТУДЕНТСКИ РАБОТНИ ГРУПИ каде студентите во период од 2(два) месеци активно работеа на практични проекти од областите на Софтверското инженерство, Безжични сензорски мрежи и Мрежните сервиси. Студентските групи беа водени од ментори од ИТ компаниите и професори од факултетот.
На 07.06.2016 год. на Факултетот за ИКТ – Битола се одржаа презентации на Проектите изработени од Студентските работни групи. Исто така од страна на ИТ компаниите се доделија сертификати и награди за студентите кои учествуваа во работата на групите.
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |