Соработка со странска компанија Simplify-ERP , за реализација на содржините од наставните предмети “Софтверски барања и бизнис анализа” и “Моделирање на е-Бизнис процеси

Во летниот семестар 2018 г., стартува изборниот предмет Софтверски барања и бизнис анализа, кој ќе го предава вонр. проф. д-р. Рамона Маркоска.

Во рамките на истиот договoрена е активна соработка со реномираната странска компанија Simplify-ERP®, чии експерти ќе помогнат за воведување на студентите во  концептот и практичната примена на софтверот Odoo.

sl01Simplify-ERP®, според неговите основачи,  ја користи технологијата Odoo, да ги задоволи потребите  на компаниите од sl02областа на е-трговија и е-бизнис во Германија, Швајцарија и Холандија, за да ја зголеми продажбата и да се оптимира нивната оперативна извонредност, преку користење на интелигентно конструирани софтверски системи. Oвие софтверски услуги се достапни во различна форма до околу 300.000 трговски корпорации во западноевропски компании.

Софтверот Odoo, е мултифункционална алатка, погодна за стекнување на реални практични вештини од областите на е-Бизнис анализа, менаџмент на  софтверските барања, и моделирање на е-бизнис процеси.

 Заради компатибилноста со содржините и целите на наставните програми од областа на користење на ИКТ технологии во процесите на е-Бизнис трансформација, овој софтвер ќе се користи и во рамките на предметот Моделирање на е-Бизнис процеси, кој ќе се активира од есента, 2018.