Студентска работна група за Embedded software development

Студентската работна група за Embedded software development која е составена од студенти на Факултетот за ИКТ од дисперзираните студии во Велес и студенти од Битола, под менторство на Ред. Проф. д-р  Александар Маркоски и Доц. д-р Томе Димовски од страна на ФИКТ и г-дин Ѓорѓи Петковски и г-дин Владимир Цонев ментори од ИТ компанијата Seavus, работат на формирање на сензорска мрежа која ќе врши мерење на најразлични параметри (температура/ влажност/загаденост). Притоа сензорската мрежа ќе функционира во систем составен од Arduino нодови, Raspberry Pi агрегатори и Linux сервер.

rg01