9 брзи со… „Togepi Crew“ – битолскиот првонаграден тим на Codefest 2015

codefest-boys„Codefest“ е интернационален програмерски хакатон за средношколци и студенти, кој годинава се одржa по третпат од 18-19 aприл на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Фестивалот се одржа под мотото „Истрага на местото на кодирањето“, а првонаградениот тим под псевдонимот „Togepi Crew“ се битолчаните (од лево кон десно): Јовче Малаковски, Христијан Влашевски, Марко Толевски, Јован Цоклески и Драган Сиљаноски.

„Апликацијата која ја развивавме на овој хакатон има цел да го револуцонира образованието на начин што ќе го направи учењето позабавно, полесно и по интерактивно. Името на апликацијата е A.R.C.A. (Augmented Reality Class Assistant) и истата користи технологија наречена проширена реалност, која ги препознава сликите од учебниците и врз нив прикажува тродимензионални објекти кои се анимирани и интерактивни.“

повеќе